За кој дел од телото жените најмногу сакаат да добиваат комплименти?
Дури 72 дена, или 1.728 часови во животот, жените поминуваат во депилирање на нозете. Годишната потрошувачка за антицелулитни третмани на нозете изнесува дури 12 милиони долари и сè поради тоа најзабележаниот дел од телото во текот на летото да биде совршен. Затоа дамите најмногу сакаат да добијат комплименти за - нозете!
Нозете се најдобриот показател колку една жена вложува во својот изглед, бидејќи ова е дел од телото со кој дамите се често незадоволни, односно ги открива нивните животни навики.
Затоа не зачудуваат милионите со кои припадничките на понежниот пол годишно ги трошат за нивна нега и одржување.
- Пофалбите на сметка на изгледот на нозете го поткреваат расположението на жените, а најновиот податок на "Venus&Braun" покажал дека трудот за поубави нозе се исплати дури тогаш кога жената за нивниот изглед ќе добие комплимент.
Струкот е на второто место за делови од телото за кој жените сакаат да добијат комплимент.