Тренд за мажи: лесни материјали и многу бои
Доколку сте стереотипни и ограничени кога станува збор за модата, ова лето направете исклучок. Кој рекол дека мажите во боите на летото не изгледаат привлечно и неодоливо?
Тоа не значи дека треба да ги облечете сите бои на себе, но сепак експериментирајте. Кремастите нијанси заменете ги со светлите сини, маслинестата заменете ја со посвежа нијанса на зелената, а црната заменете ја со контрастната бела.
Правете комбинации во кои ќе вметнувате многу храброст и креативност. Додавајте аксесоари како што се лептир машните, манжетни на ракавите, весели очила, каиши и чевли во посветли бои и сè останато што ве асоцира на лето.
Погледнете колку добро изгледаат мажите ширум светот кои решиле да уживаат во колоритноста на летото.
-->
-->
|
-->
|
-->
|