Очила за сонце по ваша мерка
-->
Очилата за сонце се неизоставен детал во топлите денови. Наместо по секоја цена да ги следите трендовите, подобро е да ги одберете според вашето лице.
Пред да отидете во шопинг проверете каква рамка ви одговара, но квалитетот нека ви биде на прво место, бидејќи лошите очила може да ви го оштетат видот.
-->
Облик на срце Срцестиот облик значи дека имате широко чело, а мала шпицеста брада. Потребно е да го одвлечете вниманието од горниот дел од лицето кој е нагласен, па затоа избегнувајте впечатливи рамки. Нема да ви прилегаат ни очила со големо растојание помеѓу стаклата. Класичните „авијатичарки“ се сигурен избор. |
|
Квадратен облик Обликот на очила треба да биде во контраст со обликот на вашето лице за визуелно да ги ублажите грубите црти на челото и вилицата. На квадратниот облик на лицето му прилегаат очила со заоблени или тркалезни стакла. Слободно можете да одберете модел со интересни детали. |
|
Овален облик На среќниците со ваков облик на лицето им прилегаат речиси сите модели на очила. Искористете ја оваа предност за да експериментирате и во пресрет на летото одберете си очила со мачкаст облик или „ленонки“ со впечатлива боја. Ако сакате големи стакла, дури и со нив нема да изгледате смешно. |
|
-->
-->
|
Тркалезен облик Спротивно на правилото кое што важи за луѓето со квадратен облик, вие треба да одберете рамка со остри рабови. Идеален избор се очила со нагласен горен дел од рамката или оние чија рамка се прелева од потемна во посветла боја. |
Долгнавест облик Избегнувајте претенки рамки и рачки кои ви влегуваат во слепоочниците. Вам ви требаат широки очила кои ќе го одвлечат вниманието од долгнавестото лице. Ако имате поголем нос, испробајте квадратни или испакнати стакла, како и рамки во облик на пеперутка. |
-->
Би можело да ве интересира:
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама
Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина
Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена?
Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото)
За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)?
Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
Работи што ги носиме погрешно во зима (без да размислиме за последиците)
Синтетички хулахопки, качулка врз капата... Каде најчесто грешиме кога е во праш...