Брзо и ефикасно до тренди освежен изглед

Доколку се обидувате да најдете нов изглед, а не сте расположени за долготрајни планирања и размислувања, тоа не би требало да биде никаков проблем.

osvezete-go-sekojdnevniot-izgled-brzo-i-efikasno-01

Постојат голем број на опции за едноминутна трансформација, а овие неколку се едни од најефикасните.

Усни - Нареден пат кога ќе ви биде неопходна огромна доза на гламур, додајте само црвен кармин. Одличен е за посебни пригоди, модерен е и навистина незаменлив. Само треба да ја пронајдете вистинската нијанса. Доколку имате светла коса бирајте светло црвени тонови, а ако сте бринета или црнка изберете ја вино - црвената нијанса.

Очила - Очилата се најбрз начин за промена на изгледот. Пронајдете ги совршените очила и доволно е да носите заштитно стакло, доколку немате потреба од диоптер. Во канцеларија или на деловен состанок ќе делувате посериозно и самоуверено, а и попривлечно.

osvezete-go-sekojdnevniot-izgled-brzo-i-efikasno-1

Веѓи - Заради ретките и тенки веѓи голем број на жени изгледаат постаро. Затоа, одберете моливче за една нијанса потемно од бојата на вашите веѓи и пред секое излегување пополнете ги со нежни потези.

osvezete-go-sekojdnevniot-izgled-brzo-i-efikasno-2

Тен - Потемнете го лицето за неколку нијанси и дадете му летна свежина. Сепак, не претерувајте и не користете неквалитетни препарати кои ќе го постигнат спротивниот ефект.

Шал или марама - Кога станува збор за облеката, шалот или марамата се единствените модни додатоци кои моментално го менуваат изгледот. За летно време одбирајте лесни марами со цветни дезени и весели бои кои ќе ја оживеат секоја ваша комбинација.

osvezete-go-sekojdnevniot-izgled-brzo-i-efikasno-3

Би можело да ве интересира:

7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg