Носете ниско опавче заробено во мрежа
Ниското опавче изгледа одлично во дневни комбинации, а со само неколку прамени поинаку распоредени е одлична вечерна фризура. Во комбинација со необична плетенка и мрежа создава егзотичен и романтичен изглед кој многу лесно може да го постигнете самите.
Косата најпрво расчешлајте ја, префрлете ја на една страна и врзете ниско опавче. Ластичето сокријте го со прамен коса кој ќе го замотате и прицврстите со шнола.
Потоа издвојте три прамени од надворешна страна на опавчето и плетете плетенка. Додека ја плетете, на секое трето движење додавајте еден мал прамен во самата плетенка. Продолжете да плетете и постапката повторувајте ја додека не стигнете до крајот на косата.
За да го олесните процесот, погледнете го видеото кое неверојатно многу ќе ја поедностави работата.