Каков облик има вашиот кармин?
И кога молчите, вашите усни зборуваат за вас. Бунтовната девојка се позната по остриот врв на карминот, а романтичарката по вдлабнатата средина.
Теоријата тврди дека притисокот и движењата на карминот по вашите усни ги одредува карактеристиките на секоја жена.
Погледнете каков облик има вашиот кармин и откријте се себеси.
Девојка опседната со кариерата
И по долго користење, ако вашиот кармин го има задржано оригиналниот облик, значи дека го нанесувате со изедначени движена и притискања. Самоуверени сте, амбициозни и педантни. Темелите на вашиот живот сте ги поставиле многу рано, а нивното име гласи - темели на успешна кариера.
Девојка која живее во реалноста
Ако врвот на карминот по долго користење има неколку нерамнини, тоа е одраз на приземјена и силна личност. Вие сте човек на кој вреди да се верува, елоквентна и самоуверена. Сакате да бидете опкружени со добри пријатели, а во вашиот живот нема место за драматизација.
Романтична душа
Ако вашиот кармин има конкавен облик, тоа значи дека силно го притискате кога ги премачкувате усните. Вие сте страствена личност која е малку повеќе чувствителна и срамежлива. Жедни сте за луди романси кои ќе ја разгорат страста во вас. Спремни сте да го прегазите угледот, егото и предрасудите по цена на љубовта.
Индивдуална девојка
Косините на карминот за усни и изразените рабови откриваат тврдоглава девојка. Вие не сакате да следите никакви правила, сака самостојно да ги одбира пријателите и ја сака внимателноста. Не и е проблем да ја шокира околината - како со животните избори, така и со физичкиот изглед.
Бунтовничка
Ако обликот на карминот потсетува на свирче, со издадена средина, неговата сопственичка секогаш игра по свои правила. Ваквиот облик настанува кога карминот се наоѓа во рацете на креативна и незапирлива жена по природа.
Мис шарм
Ако врвот на вашиот кармин има правилна овална форма, тоа значи дека сте нежни и внимателни при нанесувањето. Женствени сте и грациозни, ведри и смирени во секој дел од животот и копнеете да бидете забележани по позитивата и шармот кој го ширите.