Лежерни долги фустани за топлите месеци
За топлите летни топлини неизоставни се долгите фустани кои барем малку ќе ја намалат топлината и ќе ви дадат чувство на свежина. Откриваат и сокриваат токму колку што е потребно и удобно.
Носете ги 24 часа бидејќи изгледаат одлично и во дневни и ноќни комбинации. Романтични се, заводливи и секогаш женствени.
Во моментот кога ќе тргнете во потрага по совршениот долг фустан, имајте на памет дека во летниот период секогаш важи правилото - помалку е повеќе.
Доколку не сте одличен познавач на боите, кроевите, материјалите и дезените, бирајте едноставни модели. Нив секогаш може да ги освежите со неколку модни додатоци.
Но, доколку одлично се снаоѓате со летното шаренило, одберете единствен фустан кој ќе го носите со многу стил и уникатност.
Пронајдете ја својата мала инспирација во следниве неколку фотографии...
-->
|
-->
|