Ѕирнете во вашиот плакар - Што открива облеката за вас?

Познатата модна блогерка Трејси Динунсио смета дека со анализа на орманот со гардероба, можете да дознаете многу за жените и нивните карактеристики. Доволен е еден поглед во гардероберот за да се дознае дали неговиот сопственик го крие својот идентитет, дали не може да го преболи минатото или има проблем со самодовербата.

dzirnete-vo-vashiot-orman-shto-otkriva-oblekta-za-vas-2

Врската меѓу жените и гардероберот е сладна:

1. Гардероберот е преполн со брендирана облека
Ако баш секое парче облека во орманот има етикета од ексклузивен бренд, тоагаш станува збор за жена која сака да го сокрие својот вистински идентитет. Истото важи и за жените кои постојано купуваат накит. Најверојатно сакаат нешто да прикријат, нешто што светот не треба да го дознае. – вели Трејси.

2. Гардероберот е преполн со облека која повеќе не ја носите
Станува збор за личности кои тешко се разделуваат со минатото. Тие се најчесто многу лути на светот и полни со страв и спаѓаат меѓу оние жени кои страдаат од анксиозност.

3. Гардероберот е преполно со нова, необлечена облека која сè уште на себе ги има етикетите
Трејси објаснува дека они ежени кои го одложуваат облекувањето на некое парче облека, без да ја извадат етикетата, имаат визија за иднината, но се плашат да ја остварат. Овие жени н есе врзани за минатото, но наместо да мрднат од нула и да направат нешто конструктивно, купуваат облека за некој следен живот и не ја облекуваат.

4. Во плакарот воопшто нема бои
Кај жените во чиј гардеробер има само црно – бела облека, постои желба да исчезнат од овој свет. Тие не сакаат да бидат забележани, а тоа може да биде поврзано со многу работи. Може да станува збор за личност која нема самодоверба или која мрази друштвени собири не сака да запознава нови луѓе.

5. Во гардероберот има само панталони
Жените кои носат само панталони и имаат отпор кон здолништа и фустани по правило се интересни, но заради непознати причини сметаат дека треба да ја прикријат својата сексуалност за полесно да се вклопат во околината и деловниот свет.

6. Гардеоберот е преполн со идентични модели на облека
Жени кои постојано купуваат исти панталони, здолништа кошули и имаат неколку пара исти чевли, по правило се плашат од промени во односите на работното место.

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg