Како да дознаете каков облик на лице имате?
Дали сте сигурни каков е обликот на вашето лице? Ако до сега сте биле убедени дека вашето лице е округло, а после ова мерење сфатите дека сте погрешиле, не сте единствени.
Сите луѓе имаат едно од шесте облици на лице – округло, правоаголно, срцевидно, дијамант или овално. За да откриете какво е вашето лице, потребно ви е метро за шиење.
Мерете се чекор по чекор и запишете ги добиените резултати:
1. Почнете со челото – измерете го по целата ширина, онаму каде што е најшироко.
2. Образи – измерете ја ширината која проаѓа преку јаболчниците.
3. Вилица – измерете ја должината на вилицата на најширокиот дел.
4. Конечно – измерете ја должината на лицето вкрстено. Поставете го метрото под очите и измерете од уво до уво (запрете кај точката од каде што почнува увото.) Потоа метрото поставете го на врв на челото (од линијата каде почнува косата) и измерете ја должината вилицата. Конечниот однос ќе биде или 1: 1 ½ или 1:1 или 1:2
Сега откако измеривте, време е да откриете каков облик има вашето лице.
Срцевидно лице
Срцевидните лица се пошироки во делот кај челото и нежно се стеснуваат кон вилицата. Овој облик е познат како „превртен триаголник“.
Ако имате вакво лице најдобро ќе ви прилегаат фризури кои ќе го оттргнуваат вниманието од вашата зашилена брада кон очите и јаболчниците, а најдобар рецепт за тоа се шишки на страна. Избегнувајте кратки, рамни шишки и остри степени.
Познати личности со вакво лице се: Katie Holmes, Jennifer Lopez, Rachel Bilson, Reese Witherspoon, Ziyi Zhang.
Правоаголно лице
Правоаголно лице имате ако ширината на вашето чело, јаболчниците и ширината на вилицата ви е еднаква. Имате остри, правоаголни линии и изразена брада.
Ако имате вакво лице сметајте се себе си за среќни, бидејќи ова е најфотогеничниот облик.
Ако сакате да ја ублажите формата на вилицата, најдобро ќе ви прилегаат локни или рамно потстрижана коса. Добро ќе ви прилегаат и кратки фризури, како и долги и елегантни стилови. Боб фризурата со шишки исто така одлично стои на овој облик на лице.
Избегнувајте долги, рамни шишки.
Познати личности со овој облик на лице се: Gwyneth Paltrow, Demi Moore, Angelina Jolie, Isabella Rossellini, Rosario Dawson.
Лице со облик на дијамант
Дијамант лице имате ако тоа ви е најшироко кај јаболчниците, а челото и вилицата се со иста ширина, но потесни од јаболчниците.
За овој облик одговараат истите стилови на фризури како кај правоаголното лице.
Округло лице
Округло лице имате ако ширината на челото, јаболчниците и вилицата е еднаква, но за разлика од правоаголното лице, овде вилицата е заоблена. Разликата меѓу правоаголното и округлото лице е во рабовите. Правоаголното лице има јаки и изразени рабови, додека округлото – помеки.
Округлите лица имаат тенденција да бидат помеки, без изразени рабови и со полни образи. Можеби имате вакво лице ако имате вишок килограми, но и многу витки жени се случува да имаат ваков облик.
Ако имате вакво лице веројатно ќе сакате да го издолжите, а за тоа ќе мора да направите што помалку волумен околу него.
Одличен избор е долга коса, с пократки прамени под ушите. Долгите шишки на страна, исто така ќе направат визуелни агли на вашето лице.
Избегнувајте строги боб и кратки, остри фризури. Ако имате природно виткана коса, мора ад биде до рамена.
Познати со ваков облик на лице се: Fergie, Kate Bosworth, Oprah Winfrey, Cameron Diaz, Kirsten Dunst, Michelle Williams, Catherine Zeta-Jones.
Овално лице
Ова е лице со пропорции 1: 1 ½ (ширина : должина)
Честитајте си! Ова е најсовршениот облик на лице. Можете да ги носите скоро сите фризури од кратки, долги, рамни, виткани, а ваше е да одлучите дали ќе потстрижете шишки и со тоа ќе ги нагласите очите или класична боб фризура и ќе ја откриете вилицата.
Познати со овој облик на лице се: Kate Hudson, Jessica Alba, Jada Pinkett Smith.
Долгнавесто лице
Ако размерот ви е повеќе од 1:1 ½ вие имате долгнавесто лице.
Совршени фризури се оние кои ќе ви додадат ширина на лицето. Шишките се добредојдени ако имате високо чело.
Боб фризурите визуелно го шират лицето, па затоа ви прилегаат. Внимавајте ако сакате да носите долга коса, бидејќи таа ќе ви го издолжи привидно уште повеќе. Ако веќе се одлучите за долга коса, потсрижете неколку прамени кои ќе бидат пократки и ќе бидат фенирани кон вашето лице.
Познати личности со долгнавесто лице: Sarah Jessica Parker, Ashlee Simpson, Liv Tyler, Gisele Bundchen.