Паметни совети за убаво лице
Основна функција на шминката е да ги прикрие нашите недостатоци и да го истакне она што е убаво, а не од жената да направи барбика. Што се однесува на отстранувањето на шминка битна е изреката: „што поскоро, тоа подобро.“
Искористете некои од денешните совети за да го зачувате вашето лице убаво и свежо, а кожата здрава и неодолива.
Користете хидратантна крема за лице
Хидратантната крема се препорачува да се користи пред шминкање, откако ќе ја извадите шминката и пред спиење. Верувајте, дека лицето ќе ви биде благодарно ако го храните на ваков начин.
Користете пудра умерено
Често пати пудрата е нужна при шминкање, но сепак обидете се да ставите што помалку за да избегнете затварање на порите кои и овозможуваат на кожата да дише.
Купете квалитетно млеко за симнување шминка
Немојте да штедите на овој продукт, бидејќи тој има битна улога во одржување на вашата убавина. Негова задача е да ги отстрани сите нечистотии од кожата и мртвите ќелии за да кожата може да дише.
Повремено користете сапун за лице
Овој сапун мора да биде Ph неутрален и анти бактериски. Некои од нив имаат и состојки за навлажнување на кожата.
Чистете ја шминката од лицето со квалитетни памукчиња за отстранување шминка
Иако изгледа небитно, помислете само колку пати поминувате по лицето со нив? Ако се неквалитетни и груби може да се случи да ја изгребат вашата кожа.
Носете балсам за усни секогаш со вас
Ова е едноставен начин како да ја задржите кожата на усните свежа и подготвена за бакнежи.
Користете квалитетен сјај за усни и руменило
Сјајот за усни и руменилото за образи може за миг да направат вашето лице да заблеска.