Пролетни мејкап трендови кои мора да ги испробате

Оваа сезона ноктите се носат во две бои, тушот за очи се носи во три, а портокаловата е одлична опција за потемнетиот тен. Научете како да ги носите најпопуларните пролетни мејкап трендови.

proletni-mejkap-trendovi-koi-mora-da-gi-isprobate-01

Седефасто розови очи и образи

Светкавата, седефастата розова боја е хит за оваа сезона и одлично им прилега на сите. Но, постои граница на светкавоста која не смее да ја преминете. Користете или светкава сенка или пак само руменило, кои никако не смеете да ги комбинирате со нападен кармин.

proletni-mejkap-trendovi-koi-mora-da-gi-isprobate-02

Портокалови нијанси

Интензивната портокалова се носи на усните, образите, па дури и на очите ако знаете како да ја носите. Одлично одговара со плави очи. Само запаметите дека мора да се држите со мат нијансите.

proletni-mejkap-trendovi-koi-mora-da-gi-isprobate-03

Туш за очи и моливче во шарени бои

Црната боја оставете ја за вечерните прилики, а во текот на денот играјте си со боите на очите. Одлучете се за една нијанса или комбинација од повеќе која одлично одговара со вашата боја на очи. На крајот нанесете двоен слој маскара.

proletni-mejkap-trendovi-koi-mora-da-gi-isprobate-04

Нокти во две розови нијанси

Комбинирајте две или повeќе розови нијанси со кои ќе направите француски маникир или пак некој цветен дезен. Сами одлучете за шарата, но оваа пролет одлично изгледаат ноктите во силни розови нијанси.

proletni-mejkap-trendovi-koi-mora-da-gi-isprobate-05

Очи во сите нијанси на сината

На модните ревии оваа сезона многу дизајнери се одлучија за нестандардни сини зачадени очи, па зошто и вие да не ги испробате? Со плавата сенка важно е само да не претерувате. Доволно е да ги поминете ивиците на очите и да го финиширате изгледот со маскара.

proletni-mejkap-trendovi-koi-mora-da-gi-isprobate-06

Усни во розови нијанси

Свежо, примамливо и доволно сјајно – мешавината на розовите и коралните нијанси изгледа одлично во комбинација со природно сјајната кожа и силно истакнати трепки.

proletni-mejkap-trendovi-koi-mora-da-gi-isprobate-07

Бронзен сјај

Бронзерот никогаш не го заборавајте како додаток на дневната или вечерна сенка. И да немате потемнет тен, бронзерот ќе ја заврши таа работа. Нанесете го на образите и очите, а усните нека останат светли, со малку безбоен сјај.

proletni-mejkap-trendovi-koi-mora-da-gi-isprobate-08

Усни со боја на сангрија

Оваа длабока и  заводлива боја е одлична за вечерните излегувања, комбинирана со мачкести очи.

proletni-mejkap-trendovi-koi-mora-da-gi-isprobate-09

Би можело да ве интересира:

6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Мартија Станојковиќ најсмело, Барбара Поповиќ - тантела: Како познатите Македонки ја носат црната бо... Од елегантните изданија на Тамара Тодевска со длабоко деколте до мини фустанчиња...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg