26 модни правила кои може да ги прекршите
Често пати правилата се направени за да се прекршат, посебно кога станува збор за модата. Истите правила не важат повеќе од една сезона - едно лето мешањето принтови е апсолутно забрането, додека следното е неверојатен хит.
Ова се најдобрите 26 модни правила кои барем еднаш во животот мора да ги прекршите.
1. Не мешајте златен и сребрен накит – Никој не знае како настанало ова правило, но вистината е дека златниот и сребрениот накит изгледа одлично во комбинација.
2. Никогаш не комбинирајте тегет и црно – Зошто, кога изгледа одлично?
3. Чевлите секогаш мора да се во тон со чантата – Едно огромно НЕ за ова правило. Нема потреба да изгледате облечени како по шаблон, наместо да уживате во боите и комбинациите.
4. Мешањето на принтови е забрането – Неточно. Оваа сезона тоа е апсолутен хит кој мора да го пробате.
5. Плик ташните се за вечерни комбинации – А во последно време одлично се вклопуваат со неонските здолништа и фустани за дневни комбинации.
6. Светките не се пожелни за дневни комбинации – Напротив, носете ги вешто искомбинирани и ќе постигнете одличен ефект.
7. Носењето на една боја од глава до пети е погрешно – Не, подобро звучи храбро и модерно истовремено.
8. Патиките не се исклучиво за во теретана или пак за трчање.
9. Шарените џемпери исто така не се само за по дома или за спортска прошетка.
10. Белата боја се носи исклучиво на плажа – Носете бело кога и да посакате, спротивставете се на ваквите чудни правила.
11. Хоризонталните линии ве прават пошироки – Не е точно и никогаш нема да биде. Затоа уживајте во линиите кои одлично може да ги комбинирате со други принтови.
12. И ролките може да бидат секси.
13. Шапките не се само за деновите кога имате лоша фризура.
Уште 13 модни правила на следната страна...