Бидете голи и неодоливо привлечни
Бидејќи е докажано дека жените забележуваат нешта кои никој друг не ги смета за недостатоци, научете како да ги сокриете пред некој друг да ги открие. Без оглед дали ве нервира нечистата кожа, нерамномерните гради или пак маснотииите околу стомакот – не очајувајте.
Ви нудиме неколку трикови кои секогаш ќе ви помогнат да изгледате неодоливо кога сте голи, а да не морате да се оптоварување со болни процедури за отстранување на недостатоците.
Тонирајте ја кожата
Ако не сте задоволни од своите облини, ништо не може да ве направи послаби од темната кожа. За потемно лице користете бронзер со светкав ефект, а за телото користете лосиони за самопотемнување. Темниот тен ќе ги прекрие сите нерамнини, неправилности и лузни, а истовремено ќе ве натера да се чувствувате гламурозно.
Користете пилинг
Отстранете ги мртвите клетки за да го спречите сувиот ефект на кожата. Обрнете внимание и на хидратацијата – редовно нанесувајте лосион кој едноставно ќе ги лизга рацете на вашиот партнер по телото.
Средете ја косата
Гледајте секогаш да имате чиста и миризлива коса која лесно може да ја обликувате. Понекогаш испеглајте ја, но понекогаш направете локни кои лесно паѓаат. Нека биде природна, но сепак средена и неодолива.
Користете малку шминка
Шминката ќе ве натера да се чувствувате посекси, но само ако ја нанесувате правилно. Не користете тешки подлоги, сенки или туш за очи кој лесно се размачкува. Користете само малку коректор за да ја покриете нееднаквоста на тенот и нанесете неколку слоја водоотпорна маскара.
Лимитирајте го внесувањето на храна и пијалоци
Секогаш јадете и пијте нешто лесно пред да се соблечете. Така најлесно ќе ја спречите подуеноста во стомакот.
Одберете соодветен парфем
Нанесете на точките каде што сте најтопли и задолжително одберете некој лесен и пријатен парфем кој знаете дека тој го обожава.
Користете аксесоари
Ако треба да сте голи, тоа не мора да значи дека не смеете да користите аксесоари. Високите потпетици се секси заради издолжувањето на нозете, додека пак телото покриено со бисери е едноставно незаменливо.
Не го заборавајте маникирот и педикирот
Никогаш не ја потценувајте моќта на средените нокти. Кога нозете и рацете ви се во топ форма, на самодовербата и нема крај. Одберете впечатлива боја на лак која нема да остане незабележано.
За крај, пронајдете го правото осветлување
Одличниот изглед на телото зависи и од светлината на собата во која се наоѓате. Задушеното светло е најчесто одличен избор. Малите свеќи или подните ламби не само што ќе ви го подобрат изгледот, туку и ќе ви го зголемат расположението.