Уживајте во пролетта со цветно шаренило
Ако уживате да носите многу бои и дезени, оваа пролет е совршена сезона за вас. Дозволено е мешање на повеќе принтови и повеќе бои. Ништо не кажува пролет повеќе од букет цветови расфрлани по вашата облека.
Иако некогаш цветната облека од глава до петици се сметаше за вистински кич, оваа сезона овој изглед е задолжителен.
Одбирајте свежи бои и живописни принтови. Комбинирајте ги со едноставни и еднобојни детали.
Ситните цветни принтови одлично одат со неутрални обувки и чанти, а доколку изберете фустан со големи цветови, одберете детали во бојата на цветовите наместо црни или неутрални.
Комбинирајте ги цветовите со многу претпазливост и вкус и уживајте во пролетното шаренило!