Запознајте ја прекрасната Frida Aasen (фото)
Frida Aasen (родена на 05 Декември 1994 год, во Кристиансенд, Норвешка) е професионална манекенка од Норвешка.
Оваа премлада девојка е откриена во 2011 година од страна на Donna Ioanna и истата година се појавува на модната писта на Прада, носејќи модели за претстојната сезона.
Веднаш станува миленичка кај публиката, а стотици нејзини фотографии ги преплавуваат страниците на модните списанија во Италија.
Она по што таа е препознатлива е нејзиното детско, невино лице, кадифена кожа, огромните сини очи и долгата руса коса. Нејзините фанови велат дека таа потсeтува на снегулка.
За себе вели дека е едноставна девојка на која семејството и пријателите и се најважната алка во животот. Нема омилен моден дизајнер, а како задолжително парче во гардеробата на секоја девојка смета дека треба да стои малиот црн фустан.
Како и секоја друга млада девојка сака да излегува, да се дружи и да чита, па затоа по малку жали што ретко наоѓа повеќе слободно време. Ги сака животните, посебно коњите и природата.
Досега се има појавено на модните ревии на Prada, Loewe и Louis Vuitton. Моментално моделира за модната агенција Joy Models од Милано, Viva Models од Париз и DNA Models од Њујорк.