Домашни состојки против суви и испукани раце
Кога е студено, често се справуваме со проблемот на испукани и рапави раце. Решете го овој проблем со природни средства:
1. Маст од коприва. 100 грама растопена маст и 6 лажички исецкани листови од коприва варете ги на пареа додека не добиете густа паста со која можете да ги мачкате рацете повеќе пати во текот на денот.
2. Топло маслиново масло. Во стаклена чаша ставете малку маслиново масло. Чашата ставете ја во сад во кој имате ставено малку вода и оставете ги на слаб оган да се загреат. Со топлото масло и кружни движења масирајте ги рацете. Освен рацете ги негува и зајакнува и ноктите.
3. Купка за раце. Во соодветен сад ставете 2 литри вода, додадете мешавина од 3 големи лажици павлака од соја, 1 лажица масло од сусам и 5 капки етерично масло од лаванда. Користете ја за мачкање на рацете.
4. Пилинг за раце. Во соодветен сад ставете 1,5-2 dl домашно маслиново масло, додадете 2 лажици морска сол и 5-10 капки етерично масло од лаванда. Рацете намачкајте ги неколку минути со маслиново масло, а потоа нанесете ја смесата со солта на надворешните делови на рацете и лесно тријте со кружни движења. Потоа нанесете на дланките и тријте ги една од друга. Измијте ги рацете со млака вода и нанесете хранлива крема. Рацете ќе бидат меки и нежни.
Начинот на нанесување на кремата за раце е многу важен. Тие се најефикасни ако се апсорбираат со топлина. Триењето на рацете создава потребна топлина. Значи, кога ја нанесувате кремата со брзи и цврсти движења масирајте ја во кожата на раката. Се препорачува купување на концентрирани креми – за саканиот ефект, потребно е помала количина, а се избегнува несаканата маснотија на рацете.