Портокалова колекција од Hugo Boss за пролет/лето 2013
Во колекцијата на BOSS Orange за пролет/лето 2013, животот на плажа се спојува со градскиот стил: Добредојдовте во Портокаловата земја!
Овде “vintage”изгледот соработува со иновативни материјали со цел да ја дефинира централната тема на колекцијата. Летните сурферски фестивали на Калифорнискиот брег од ’80-тите даваат инспирација за маички со необични принтови. Обоени памучни блејзери и бермуди прошарани со апстрактни цветови се дел од оваа колекција, а индигното карирана кошула е нешто што мора да го имате.
Џинсот оваа сезона е едноставен, со чисти, строги линии, додека пак платнените панталони се со нови тонови кои го комплетираат BOSS Orange изгледот.
Палетата на бои се движи од црна, преку сина, сива, бежова и зелена, а деталите во розова и портокалова боја им даваат специфичен акцент на моделите.
Колекцијата нуди и одличен избор на додатоци како чанти, марами, впечатливи чевли и патики кои до совршеност го заокружуваат изгледот на колекцијата.
BOSS Orange e една од трите линии на модниот бренд “BOSS”, лансиран е во 1999 год. Достапен е во Македонија во продавницата “Hugo Boss” на ул. Македонија и мултибренд продавницата “Fashion ID” во Skopje City Mall. BOSS Orange е бренд за секојдневна облека, кај кој се чувствува влијанието на урбаните трендови. Овој бренд им овозможува на купувачите да формираат свој препознатлив стил на облекување, притоа чувствувајќи се удобно и самоуверено.
HUGO BOSS е германски бренд, формиран од страна на г-динот Хуго Босс во 1924 год. во Мециген, Јужна Германија. Денес, брендот има 6.102 продажни места во повеќе од 124 земји. Компанијата содржи два главни брендови, “BOSS”- со повеќе модни линии: BOSS Black, BOSS Orange и BOSS Green, а вториот бренд е “HUGO”.