Најпопуларни трендови за нокти за оваа година
Минатата сезона лаковите за нокти во шарени, неонски бои беа нешто задолжително, додека во претстојните денови на оваа година најдобро е да одберете нешто поедноставно.
Аксесоарите за нокти се едни од најмодерните трендови во оваа година, исто како и “голите” нокти.
Овие седум трендови се едни од водечките на модните писти, на самиот почеток на оваа година.
Неутрални лакови - бидејќи се секогаш во мода. Едноставно, отмено, префинето, класично и се вклопува во секој стајлинг.
Металик нијанси и материјали - делуваат секогаш моќно и ефектно.
Плишани нокти – софистицирано, уникатно и необично. Овој тип на маникир е одличен за оние девојки кои сакаат да се разликуваат од сите останати.
Боите на тропското овошје – лимон жолтата и манго розовата се вистински хит за топлите, сончеви денови.
Сите нијанси на зелената – како што е веќе добро познато, зелените нијанси ќе ја одбележат оваа година, од смарагдно зелената па се до ментол нијансата.
Црн лак – прекрасно изгледа накратки нокти, во комбинација со светла облека и сребрен накит.
Боите на драгоцените камени – потемните нијанси од вообичаените оваа година делуваат многу луксузно и моќно.