Топ бои кои се во тренд оваа година
Ви донесуваме палета на бои кои ќе бидат актуелни оваа година, од кои некои ги преживеаја претходните сезони, а некои се изборија како тренд за оваа сезона.
Зелената боја, боја на мента
Иако оваа боја и нијанса не им прилега на сите, на оние за кои оваа боја е една од најомилените со право може да се радуваат. Ако сте со блед тен, носете некој впечатлив детаљ облека во оваа боја, на пример некој фустан во боја на мента, а ако имате маслинест тен, подобро е да ја носите во облика на некој моден додадток.
Боја на корал
Бојата на корал е еден од омилените избори на треднсетерките веќе две години и изгледа не губи на популарноста. Според тоа, ако имате намера да ја додадете во палетата која се наоѓа во вашата гардероба, направете го тоа. Оваа боја можете да ја носите во облик на блуза или впечатлива чантичка на преклоп – изборот е ваш!
Розова, боја на шеќерна волна
Ако постои некоја боја која е женствена и нежна, тогаш сигурно е кремасто розовата, баш како и бојата на шеќерната волна. Оваа боја се носи за да се нагласи женственоста, затоа што е проверен рецепт кој функционира дури и во машките комбинации.
Бела
Иако повеќето ја носат оваа боја во облик на класична бела блуза, постојат многу други начини со помош на кои со оваа боја можете да го збогатите својот изглед, од палто до пантолони. Можностите се неограничени, а можете да ги комбинирате со останатите топ бои, на пример со колан во корална нијанса.
Кралевска сина
Сината е омилена боја на многумина, особено радуваат оние впечатливите, поживите нијанси. Токму таквите се најпожелни оваа година, а овој тренд може да се прилагоди со помош на сина блуза или чантичка на преклоп. Покрај тоа дозволено е да се носат и штикли во оваа боја. Ако некогаш сте посакувале внимание, овој избор дефинитивно ќе ви го овозможи.
Сончево жолта
Поработете на својот стил со помош на впечатливи жолти маици, комбинирајте ги со тесни фармерки и обични кратки јакни. Немојте да заборавите и по некоја долга огрлица и подготвени сте за излегување.