Пролетни костими за деловни жени
Бизнис модата е водечки тренд за пролетта која ни предстои. Сите деловни девојки и жени во потоплите денови ќе може да уживаат во нежни ткаенини и светли, весели бои.
Главни бои за следната сезона се сината, маслинестата, костен нијансата на кафената боја, темно црвената и розовата. Всушност, речиси сите пригушени нијанси на основните бои.
Костимите од сјајни ткаенини како што е сатенот ретко кој ги носи во канцеларија, но шалот од сатен или сличен моден додаток, само ќе го надополни вашиот стајлинг. Костимите без многу копчиња и јаки се исто многу популарни, исто како и палтата во војнички стил со нагласени раменици.
Повторно во мода се тесните здолништа со висок струк, машките кроеви со женствени детали кои ја нагласуваат силуетата, кратките сакоа со кратки ракави или пак ракави со некој необичен детал.
-->
-->
-->
-->
|