5 лоши навики од кои треба да се откажете
Миење лице, хидрирање и месечен пилинг – делува како совршена формула за одржување на блескав тен. Сепак, откријте што уште би можеле да направите за да го подобрите квалитетот на својата кожа.
Џенифер Фајфер, сопственичка на спа центар на Менхетн, препорачува кои навики треба да се сменат кога станува збор за нега на лицето.
Погрешни производи
Одберете козметика која во себе не содржи премногу хемикалии. Избегнувајте ја состојката SD-40, изопропил алкохол, бидејќи може да ги иритираат акните и чувствителната кожа.
Лоши комбинации
Многу производи гарантирано ви ги намалуваат брчките, но ако претерано и често ги користите и тоа во комбинација со пилинг, ризикувате да ја оштетите кожата.
Премногу хидрирање
Жените со сува кожа треба да избегнуваат прекумерна хидратација. Лицето не смее да свети од крема, па така подобро е да се вложи во квалитетни освежувачи на воздухот во домот или канцеларијата.
Без миење на лице во кревет?!
Никогаш не дозволувајте да заспиете со шминка на лицето или ако претходно не сте го измиле лицето со млака вода. Дури и ако ретко доаѓате во искушение, само една ноќ со шминка може да предизвика проблеми.
Стара шминка
Ако одредени козметички производи не ги користите често, фрлете ги. Подобро е да немате отколку да ги користите од време на време. Пудрата не смее да биде постара од шест месеци.