Лимонот во корист на вашата убавина

Навидум е едноставен кисел плод кој се користи исклучиво во исхраната, но лимонот има и сјајни својства кога станува збор за нега и разубавување.

limonot-vo-korist-na-vasata-ubavina-1

Ова се шест начини како да го искористите за да изгледате уште подобро.

Пилинг – Измешајте сок од лимон со шеќер. Оваа мешавина е идеална за отстранување на мртвите клетки од целото тело.

Против брчки – Сварете чаша млеко, две лажици сок од лимон и една лажица бренди. Оладете ја оваа течност на собна температура. Нанесете ја на лицето, вратот и деколтето, оставете ја да се засуши па потоа измијте ја со млака вода.

Против флеки на кожата – Втријте го лимоновиот сок на делот од кожата каде што имате флека и оставете го да дејствува по околу 15 минути. Повторувајте го овој третман 2 пати дневно.

Маска за лице – Измешајте сок од еден лимон со четвртина шолја маслиново или бадемово масло. Оваа маска ја чисти вашата кожа и ја обезбедува потребната влажност.

Против првут – Нанесете две лажици лимонов сок на темето и добро масирајте. Измијте со вода, а на крајот целата коса исплакнете ја со шолја млака вода во која ќе капнете една лажичка лимонов сок.

За чисти и светли нокти – Потопете ги рацете во купка која сте ја направите од 1 шолја млака вода и пола лимон, на 5 минути, а потоа со кората од преостанатиот лимон истријте ги убаво ноктите.

Би можело да ве интересира:

Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
Девојката со победнички фустан на Мет гала 2024 – направен е од песок, ја носат на раце по скали (фо... Фустанот е направен од песок и е оформуван по нејзиното тело, тројца мажи ѝ пома...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки? Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколк...
Црна тантела, високи чизми: Како се дотераа гостите за настапот на Махмут Орхан во Скопје? Елена Најдоски, Калтрина Круезиу и Миа Костова, беа само дел од гостите кои сино...
8 вообичаени грешки поради кои облеката и чевлите се уништуваат брзо и завршуваат во корпа за отпадо... Можеби звучи смешно, но пробајте го трикот со замрзнување на хулахопките пред да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg