Блеснете со совршено црвени усни
Црвениот кармин и порцеланско чистата кожа е еден од најпривлечните женски трендови за оваа сезона. Без оглед дали имате мали и тенки усни или пак дебели и истакнати – прилега одлично.
Одлучете се за темна нијанса на црвената доколку имате потемен тен на кожата или пак за жар црвен ако имате бледа коса и кожа. Комбинирајте го со црн туш за очи, руменило и истакнати трепки или пак со светкав туш за очи и беспрекорно чиста кожа.
Девојките со црвена боја на косата воопшто нека не се двоумат – усните во боја малку потемна од нивната коса изгледаат неверојатно привлечно и складно.
Ова се неколку интересни предлози како правилно да го носите црвениот кармин.