5 трикови како да бидете убави зимава
Ако во овие студени денови, кога косата и кожата стануваат сè посуви, вие никако немате време за разубавување и нивно витаминско хранење, ви предлагаме неколку едноставни зимски трикови.
Проблемот со испукани врвови или сува кожа не е нерешлив. Ви ги нудиме петте наједноставни решенија, на петте најчести зимски женски проблеми.
Пилинг пред спиење
Доколку мислевте дека пилингот е наменет за утринско чистење на лицето, малку грешите. Дерматолозите тврдат дека пилингот е вечерен чекор. На тој начин преку целата вечер имате чиста кожа, без наталожени мртви клетки кои допринесуваат за грубиот изглед на кожата. Пилингот нека ви стане навика и практикувајте го секој трет ден.
Ноќна маска за коса
Разбудете се со мека и свежа коса, така што на неа ќе оставите маска која ќе делува цела ноќ. Овој длабински третман ги поправа оштетените влакна. Ваквиот тип на нега практикувајте го секоја седма, до десетта ноќ.
Утринското миење на косата заменете го со сув шампон
Прескокнете го утринското миење на косата за да се ослободите од разлетаните влакна во текот на целиот ден. Сувиот шампон е препарат кој се нанесува на темето и се остава да делува неколку минути. Потоа косата се расчешлува и се бришат белите траги. За само неколку минути ќе постигнете ефект на свежа коса, иако не сте биле во можност да и се посветите повеќе.
Брз педикир
Веќе извесно време се каните да си направите педикир, но никако не можете да си посветите доволно време? Импровизирајте со крупна сол во топла вода и нахранете ја кожата на стапалата со мрсна крема или масло.
Повеќенаменска шминка
Доколку сте во брзање и сакате само да изгледате свежо и природно, користете го ефектот на порцеланска кожа, истакнати јаболкници,природни усни и трепки со неколку слоеви маскара. Без оглед каде и да треба да одите, ова е одличен начин да изгледате уредно.