Што сè мора да содржи женската чанта?
Доколку сте девојка која сака да изгледа уредно во текот на целата вечер во ноќниот клуб или кафуле, неопходно е во вашата чанта да ги сместите следниве неколку ситници.
Ако се двоумите што да ставите во чантата пред да излезете, ви нудиме мала помош.
Одберете голема чанта. Големата чанта во која понекогаш неможете да се снајдете, ви е најдобар пријател за ноќните излегувања. Може да собере буквално се, а воедно изгледа модерно и стилски. Моделите со долги рачки за преку рамо се исто така одличен избор доколку одите во ноќен клуб и ви треба малку повеќе слобода.
Протеин бар. Добро познато ви е утринското мачење и главоболката после бурната ноќ, и тоа само затоа што сте пиеле на гладен стомак? Затоа секогаш носете си неколку протеински барови со вас, бидејќи тоа е најлесниот начин да го спречите утринскиот мамурлук.
Балетанки. Кога ќе се изморите од високите потпетици, поедноставно е да ги замените со мали црни балетанки, отколку да престанете да се забавувате. Никогаш не заборавајте да си ставите еден пар едноставни, флексибилни балетанки во вашата голема чанта.
Ластици и шноли за коса. Правата или виткана коса не изгледа исто по неколку часа забава. Ластикот и неколкуте речиси незабележливи шноли се вистинското решение. Високото уредно опавче изгледа многу поуредно од неуспешната фризура.
Мал парфем. Доколку имате мал парфем или тестер задолжително понесете го. Во секој момент кога ќе помислите дека вашиот парфем изветреал или пак едноставно ќе одите да се проверите на огледалото како изгледате – обновете го.
Мастики. Било кој алкохол остава непријатен мирис, меѓутоа мастиките се вистинско решение доколку сакате да делувате свежо и чисто додека разговарате во галама и гужва.
Пари за итни случаи. Дали често се случува непланирано да испиете повеќе од очекуваното, па за назад да немате пари за такси бидејќи сте ги потрошиле на последната пијачка или пак да морате да возите, иако не сте во состојба. Решението е едноставно – тргнете си некој денар на страна, во посебно џепче или новчаник. Така ќе се поштедите од мислата “Како сега ќе стигнам дома?”
Приврзоци за полесно пронаоѓање на клучевите и мобилниот. На време спасете се од мачното барање на мобилниот или клучот од дома. Размислувајте на тоа уште пред да тргнете да се забавувате и поставете си многу приврзоци кои нема шанси да не ги забележите.