Празничен тренд: Џемпери со божиќни и новогодишни принтови
Божиќните и новогодишни мотиви и принтови се насекаде во овој период од годината, па така и во модниот свет.
Џемперите со натписи, снешковци и сите останати предмети кои асоцираат на новогодишните празници стануваат се поактуелни.
Во комбинација со топли панталони или хеланки изгледаат навистина одлично. Високите чизми и топлите наметки се едни од главните додатоци со кои се комбинираат, исто како и капите, шалчињата и ракавиците.
Црвено – зелените празнични шари изгледаат одлично заедно со црни и бели парчиња облека, како и со кремастите неутрални тонови.
Доколку сте љубител на оваа празнична еуфорија и сакате да ја носите на себе, погледнете неколку интересни комбинации кои можеби ќе ви се допаднат за овие студени денови.
-->
-->
-->
-->
|