Што открива бојата на облеката за вас?
Сите знаеме дека боите имаат влијание на нашата личност и постои цела теорија која се занимава со ова. Но, облеката е дел од невербалната комуникација со која праќаме пораки на луѓето со кои разговараме, па затоа треба да внимавате за да не бидете погрешно сфатени.
Еве неколку совети за одбирање на боите и нивното значење:
Жолта – дава елан и ја зголемува самодовербата. Ако сакате да привлечете внимание и да ја истакнете својата личност, облечете нешто жолто. Делува смирувачки.
Виолетова – ако сакате да се заштитите од неразумни барања, виолетовата е добар избор. Симболизира возвишеност, достоинственост и племенитост. Не се препорачува во бизнис светот затоа што не прави суетни и неодлучни.
Бела – дава поттик, ефикасност и јасност.
Розова – испраќа порака дека сте личност која се грижи за другите.
Сива – испраќа порака за префинетост, професионалност. Со неправилна комбинација со други бои, може да испрати порака дека личноста нема самодоверба.
Црна – дава впечаток на професионалност и одлучност, но и на дистанцираност.
Црвена – зрачи со самодоверба и енергија. Многу внимателно со оваа боја. Давате впечаток и дека сте агресивни.
Зелена – ако сакате да се вклопите во работното окружувуње и да избегнете некои обврски, одберете зелена. Симболизира ведрина.
Сина – бојата на разумот и ризикот. Добар избор.