Декемвриска колекција од Зара '12
Најновата колекција на Zara за студените денови нуди малку понеобичен и несекојдневен стил.
Шпанскиот бренд оваа зима изненади исклучиво со комбинација на црната и белата боја и со комбинација на многу шари и дезени во еден изглед.
Храброто мешање на текстури и дезени е нешто што прво ќе ви падне во очи.
Црно-белите линии се највпечатливиот дезен за оваа сезона, па така што и да одберете во тој стил ќе изгледа неверојатно стилски и модерно.
Минималниот накит повторно ќе биде ин и овој месец. Предност имаат малите чанти, како и впечатливите огрлици кои се доволни сами по себе.
Доколку сè уште сте неодлучни што да носите оваа зима, погледнете ги добро одбраните парчиња облека од Zara за месец декември.
-->
|
|
-->
|
|