Тренд создаден за дождливи денови
Кога дождовите започнуваат нема потреба да останете дома или пак да се грижите што ќе облечете следното излегување.
Сигурни сме дека поомилени ви се високите чизми или пак потпетиците, меѓутоа може да изгледате исто толку модерно само со еден пар гумени чизми.
Ги има во речиси сите бои и дезени, така што лесно можете да ги приспособите на секоја комбинација.
Доколку се одлучите за црни гумени чизми носете ги со фармерки и џемпер или дезенирани хеланки и туника.
Шарените чизми се совршени во комбинација со црни фармерки и необичен шарен џемпер или пак црни хеланки и топол капут.
За следната прошетка во преден план ставете ги токму гумените чизми, а следните комбинации нека ви послужат како модна инспирација.
-->
-->
|