Тренди замена за класичните здолништа
Како што зимата се наближува и температурите опаѓаат, ви нудиме предлог како класичното здолниште да го замените со потопло парче облека.
Кога станува збор за класична и елегантна комбинација, за состанок, или секојдневни обврски, па понекогаш и вечерно излегување, испробајте да ги комбинирате широките панталони.
Сигурно имате еден пар на панталони кои мислевте дека никогаш нема да ги облечете заради нивната ширина. Меѓутоа, оваа есен и зима тие се вистински хит.
Носете ги со тесна струкирана кошула, кратко сако и високи потпетици или пак едноставно комбинирајте ги со обична бела маица и тесен џемпер.
Во никој случај нема да погрешите доколку токму широките панталони ви станат омилено парче во студените денови.