Есенска колекција чанти со потпис на Ив Сен Лорен '12
Секоја модерна девојка која копнее по софистицираните додатоци, сигурно би сакала да има барем еден омилен модел на чанта од брендот на Ив Сен Лорен.
Како и секоја сезона, така и оваа есен овој бренд ги претстави чантите за претстојната сезона есен/зима.
Во суштина, чантите од најновата колекција се прилично едноставни и погодни за секојдневни прошетки или работни обврски.
Ќе се вклопат во речиси секоја комбинација и ќе ја додадат потребната доза на елеганција и гламур.
Животинските принтови, како и неодредените шари се впечатлив детаљ на кој никој нема да одолее, вбројувајќи ги и модните критичари кои едноставно се вљубени во чантите од есенската колекција.
Погледнете дел од најдобрите чанти за оваа есен со потпис на Ив Сен Лорен.
-->
|
|