Тренд оваа есен: Стилизирани готски парчиња

trend-ovaa-esen-stilizirani-gotski-parcinja-01

Кожни и чипкани парчиња облека во комбинација со усни со боја на вино се еден од најчестиот тренд на модните писти оваа есен.

Дизајнерите на престижните модни куќи како што се Версаче, Живанши, Валентино и многу други, следниве готски парчиња ги издвоија како вистински хит за сезоната која следува.

trend-ovaa-esen-stilizirani-gotski-parcinja-1

Црно кожно здолниште. Без разлика дали е кратко или долго, овој тип на здолниште е речиси задолжително за секој женски плакар. Валентино и Алберта Ферети ја покажаа женствената страна на кожата низ нивните најнови колекции.

trend-ovaa-esen-stilizirani-gotski-parcinja-2

Архитектонско палто. Многу форми и линии на едно парче облека, кои ја разбиваат монотонијата на здодевните материјали од кои се направени обичните палта. Брендот Живанши е првиот кој го испромовира овој модел.

trend-ovaa-esen-stilizirani-gotski-parcinja-3

Чипка на било кој дел од облеката. Материјалот по кои речиси се препознава готскиот стил, оваа есен е задолжително да го имате на вас, барем како детал. Црна кошула со чипкан грб изгледа навистина стилски.

trend-ovaa-esen-stilizirani-gotski-parcinja-4

Гламурозни палта. Разубавете ја секојдневната комбинација со палто кое едноставно не останува незабележано. Токму такво гламурозно палто покажа Валентино во својата најнова колекција.

trend-ovaa-esen-stilizirani-gotski-parcinja-5

Кожни чизми до коленици. Чизмите се веќе познат тренд уште од минатата сезона, кој изгледа одлично во секоја комбинација. Версаче претстави уникатни чизми оваа сезона кои можеби не се толку топли колку што се стилски.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 стилски модни комбинации за тазе породени мајки (на кои комфорот им е на прво место) Телото на жените во бременоста и по породувањето се менува многу, и сосема е нор...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg