Моден погодок: одело + патики

moden-pogodok-odelo-plus-patiki-01

Најчесто секој маж оделото го одбира во комбинација со елегантни чевли, исклучиво за свечени пригоди. Момци, зошто да не уживате во лежерните комбинации на сакото или класичните панталони. Бидете доволно храбри да ги искомбинирате со пар на лежерни патики. Во прилог следуваат неколку совети како тоа да го направите правилно.

Одберете опуштен и секојдневен тип на одело. Црниот класичен костим ако го носите со обични патики најверојатно ќе изгледа смешно, меѓутоа неутралниот крем костим сигурно ќе го износите заедно со мастило- сини патики или мокасинки.

Координирајте ги боите и нијансите. Изберете иста боја на кошула и патики или пак на патики со кравата. Нијансите кои се контра едни на други избегнувајте ги во вакви ситуации. Неутралните и природни нијанси комбинирајте ги со еден или два детали во јака и впечатлива боја.

Уште неколку едноставни совети:

- Формалната кошула заменете ја со обична, секојдневна маица.

- Класичните панталони комбинирајте ги со секојдневна маица и кожна јакна чија боја ќе се совпаѓа со онаа на патиките.

- Сакото искомбинирајте го со џинс. Придржувајте се кон посветлите тонови на џинс во комбинација на темно сако и обратно.

- Ослободете се од вратоврската. Таа е клучен детал кој го одредува степенот на лежерност на еден костим.

- Храбро комбинирајте ги боите. Темно тегет сако со светли крем панталони изгледа подобро од еднобојно одело.

moden-pogodok-odelo-plus-patiki-1

moden-pogodok-odelo-plus-patiki-2

moden-pogodok-odelo-plus-patiki-3

moden-pogodok-odelo-plus-patiki-4

moden-pogodok-odelo-plus-patiki-5

moden-pogodok-odelo-plus-patiki-6

Би можело да ве интересира:

Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...
Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира? Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и д...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Впечатливи фустани, светки и уникатни шешири - Модата на изборот за Маж на годината 2023 Црни класични фустани, облека со светки, но и шешири во интересни форми избраа г...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg