Како до Шанел изглед?

kako-do-shanel-izgled

Доколку ваш омилен светски моден бренд е Шанел, сега можете да носите слични модели за помалку пари. Испробајте ги едноставните совети кои ќе ве доведат до Шанел изгледот, без оригинални и скапи парчиња облека.

Носете ги црната и белата боја – за Шанел препознатливи се секогаш овие две бои. Сивата или пак мастило сината боја се секогаш во втор план. Единствена препознатлива шара за Шанел се ситните црно-бели коцки.

Накитот е составен од сребрени синџири, брошеви или бисери. Никогаш не заборавајте впечатлив детал во едноставните, безвременски комбинации. Ниту една креација на Коко Шанел не е потполна без соодветен аксесоар.

Држете се до едноставните чанти и чевли. Црните чевли секогаш комбинирајте ги со мал црн плик или црна чанта со долга рачка. Понекогаш експериментирајте со бели потпетици со црн полукруг кај прстите кои ќе додадат доза на драматичност.

Кога станува збор за шминката задржете го стилот на “Стариот Холивуд”. Совршено исцртани очи со туш, беспрекорна порцеланска кожа и секси црвен кармин ќе го финишираат вашиот Шанел изглед.

Зарем не вреди да се претворите во Шанел кукла?

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Скапи брендови, необични форми - Какви чанти доминираа на Скопски моден фестивал 2024? Yves Saint Laurent, Karl Lagerfeld, Louis Vuitton се само дел од светските бренд...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg