Девојче (10) од Скопје е мала модна инфлуенсерка, а секој роденден има тематски аутфит - изработен од тетка ѝ
„Модните комбинации кои ги презентира Галена секогаш се правени по последните светски модни трендови, а за тоа најголема заслуга имаат нејзината мајка и јас како нејзина тетка, по професија моден дизајнер“, вели Стефанија Насеска за CRNOBELO.com.
Стефанија Насеска е наша модна дизајнерка и тетка на Галена Илијоска.
Таа го води Инстаграм профилот на нејзината внука Галена (@sheisgaga), која веќе на 10 години е мала модна инфлуенсерка.
Стефанија за Галена за CRNOBELO.com вели:
„Ќе започнам со една наша народна поговорка ’Крвта вода не бидува‘, можеби токму тоа е причината за оформувањето на одреден карактер и раѓањето на желбите кај сите нас.
Среќата да биде родена во семејство во кое модата е една од движечките сили кај Галена придонесе спонтано и несвесно да се развива желбата и чувството за естетика.
Галена е дете со многу нормално и среќно детство.
Родена е на 14-ти март пред 10 години, како трето дете во семејството и единствено девојче, а токму тоа и придонесе некои работи да дојдат спонтано како што е дотерувањето (за девојчиња секогаш има поубава гардероба).
Уште од првите денови од нејзиното раѓање е фотографирана во модни комбинации.
Ваквиот начин на фотографирање и објавување своевремено кај нас не беше тренд за подоцна да биде позитивно и општо прифатено. Поставувањето на трендови во социјалните медиуми го прати нејзиното детство и до ден денешен.
Нејзиниот Инстаграм профил е отворен повеќе да биде дигитален албум за сите блиски и подалечни роднини и пријатели, но отсекогаш бил јавен со цел да инспирира што е можно повеќе луѓе, особено мајки кои сакаат креативно да се изразуваат.
Контролиран е и воден од мене.
Талентот за позирање го имала отсекогаш, за тоа можеби придонеле фотографирањата уште од бебе, па денес е многу лесно да се соработува со Галена кога станува збор за фотографии и позирање и сето тоа доаѓа како нејзина желба.
Модните комбинации кои ги презентира секогаш се правени по последните светски модни трендови, а за тоа најголема заслуга имаат нејзината мајка и јас како нејзина тетка, по професија моден дизајнер.
Галена сè повеќе изразува желба за посета на модни настани, активно учествува во позадинските подготовки на модни парчиња, фотосесии и ревии.
Сè повеќе кај неа се развива желбата за посета на музеи, изложби и други културни случувања во градот. Беше дел и заштитно лице на некои детски модни брендови, а особено е горда на неколкуте кампањи и снимени реклами.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





