Златко Јовановски издоминира со круна на Модната недела во Париз: „Имав 5 креации, сите со рачно везени детали“
Нормално, крајот го краси делото, па не може моја ревија да помине без мене на дефилето да сум во кралска наметка и голема круна.
Остварив многу контакти и имав доста состаноци за идни соработки и за Париз и за други модни метрополи. Но, за тоа потоа, здравје…“
Златко ни раскажа и за времето поминато во Париз, надвор од ревијата и од неговото воодушевување при посетата на изложбата Louvre Couture во музејот Лувр.
„Јас кога одам на вакви патувања се пресоблекувам двапати на ден, имам одредени наменски стајлинзи и носам исклучиво парчиња од мојот бренд.
Исто, додека трае Модната недела, има одредени места во Париз каде што оди „модната и јавна елита” места каде што се сите „крем де ла крем“ (ха-ха) и нормално таму сум и јас.
Тие јадат јастог и кавијар, пијат шампањ ‘Круг’ за попладневно опуштање, а јас до нив јадам Цезар салата и пијам Аперол шприц (ха-ха). Но, важно е дека сме еден до друг.
Нешто што мене ми е посебно драго е дека јас континуирано добивам комплименти од нив и одушевување од луѓето околу мене.
Мојата прва реченица е дека јас сум дизајнер, раскажувам нешто за себе, тие за нив, споделуваме искуства и така неочекувано и непланирано се запознавам и остварувам контакти.
Уживам кога знам дека мојот дизајн привлекува погледи и комплименти таму, и кога баш мојата работа е нешто што ме издвојува и ме прави специјален.
За крај ќе се пофалам дека успеав да ја посетам и изложбата Louvre Couture, модни креации во Лувр.
Уживав и се инспирирав. Бев како дете во чоколаден свет.
И знаете што? Сега баш тоа и ми е ставено како желба за едно од моите животни остварувања - токму таму да има една моја креација на некоја изложба! Здравје…“ - ни рече тој.
Погледнете ги видеата од ревијата на Златко во Париз:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





