Како македонските познати дами носат бунди и крзна – хит парче за зима 2024/25?
Аделина ги носи во секоја варијанта, Тамара експериментира со животински принт - и македонските познати дами го обожаваат трендот на бунди и крзна кои се носат на секој чекор, од кафе прошетка до вечерна комбинација.
Ако до пред неколку години бундите беа избор за вечерни комбинации, сега се наоѓаат во плакарот на речиси секоја жена, а дамите ги гледаме во крзно и преку ден на лежерни прошетки.
Со трендот на „mob-wife“ бундите станаа тренд парче, а како на почетокот на годината, така и оваа сезона 2024/25, познатите дами ги обожаваат во своите комбинации.
Во кратки или долги изданија, со меко или тврдо крзно, во неутрални или силни бои и дезени - бундите ги има буквално во секоја варијанта насекаде околу нас.