Јулија од Охрид е девојка со уникатен моден стил, инспириран од филмски ликови и стрипови
Во однос на купувањето, главно настојувам да поминам поевтино, но во исто време и новото парче облека да можам да го комбинирам со што повеќе парчиња облека од гардероберот.
Повеќе не знам како да си го дефинирам стилот, ако воопшто и постои некаква категоризација.
Се облекувам во зависност од тоа како се чувствувам тој ден. Некогаш сакам само да ми биде удобно, со карго пантолони и широка маичка од некој омилен бенд, филм или карактер од стрип кој ми оставил впечаток. Дел од нив ги имам цртано.
Некогаш сакам да се дотерам со корсет и кошула, или со чипкани чорапчиња и „cottagecore“ фустанче.
Но, во последно време си најдов нова занимација – да ги усогласувам облеката и стилот со мојата ќеркичка, што се покажа како навистина забавно искуство“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
фото: Мартин Јовчески, Мартина Салова Чешновар