Мартија издоминира во црно, некогашниот модел Маја Глигоровска провокативна: Модата на 17-тиот роденден на Бекстејџ
Од елегантни фустани и панк комбинации за дамите, до класични и впечатливи костуми за мажите - гостите со сопствениот моден стил ја разубавија роденденската прослава на естрадниот магазин Бекстејџ.
Вчеравечер (16.10) во центарот на Скопје, на кејот на реката Вардар, естрадниот магазин Бекстејџ го прослави својот 17-ти роденден.
Под мотото „17 години циркус на естрада“, тие на едно место ја собраа македонската естрада, поделија награди за најдобрите од минатата година, а потоа со добра музика се забавуваа со гостите, пријателите и бројните соработници.
Но, еден ваков настан не може да помине без црвен тепих и многу мода.
Мартија Станојковиќ
Па така, повеќето гости, избраа елегантни комбинации.
Доминираше црната боја, па во црно се појавија водителката Марјана Станојковска, пејачките Мартија Станојковиќ, Теа Трајковска, Миа Перевска и Наталија Данаилова, црно носеше и Светлана Црнокрак, но и инфлуенсерката Нина Ред, како и поранешниот модел Маја Глигоровска.
Пејачката Ивона Јо избра црвен фустан, Стефан Лазаров се реши за син костум со црна ролка, а пејачот Јован Јованов беше облечен во крем комбинација.
Погледнете ја модата на забавата на 17-тиот роденден на Бекстејџ:
Агнеса Органџиева
Марјана Станојковска
Јован Јованов
Светлана Црнокрак
Ева Јакимовска
Стефан Лазаров
Стефан Соколовски
Наталија Данаилова