Дамскиот моден стил на водителката Цеце Николова (фото)
Таа е вистинско освежување на ТВ екраните, како со насмевката и убавата енергија, така и со впечатливите модни комбинации во силни бои, кои знае да ги износи на свој начин.
Цеце Николова е вистинско освежување на нашите ТВ екрани.
Секогаш насмеана, умерена и уникатна на свој начин, таа е впечатлива и пријатна и за ушите и за очите.
Нејзин адут плус во јавните настапи е дамскиот моден стил кој го негува.
Секогаш носи модни додатоци како марами и впечатливи обетки, а кога станува збор за дезените оди на храбри избори како цветни дезени и силни бои од типот на црвено, жолто, сино и што не.
За ТВ појавувањата обожава женски одела, а кога носи фустани и здолниште, тие најчесто се со А-крој.
Во приватноста таа негува покежуал моден стил.