Облекувајте ги со мокри раце и уште 7 трикови како да не ви се кинат хулахопките на прво носење
Облекувајте ги без накит на рацете, намокрете ги со вода дланките пред да ги извлечете нагоре, испрскајте ги со лак за коса за да бидат поцврсти - трикови со кои ќе им го продолжите векот на хулахопките.
Веројатно не постои жена на која не ѝ се случило хулахопките да ѝ се скинат уште на првото нивно носење (или уште додека ги облекува).
Иако постои разлика во квалитетот на хулахопките зависно од каде ќе ги купите, сепак има и неколку трикови со кои ќе им го продолжите векот.
Во продолжение погледнете како да направите да траат повеќе:
Облекувајте ги и влечете ги нагоре со намокрени раце со вода без да ги стискате со прсти и нокти
Ставете ги во замрзнувач пред првото носење
Не постои научен доказ за ова, но многу жени на социјалните мрежи тврдат дека овој трик им помага, па вреди да се проба.
По купување, намокрете ги, исцедете го вишокот вода, ставете ги во ќесичка и оставете ги во замрзнувач преку ноќ.
Потоа одмрзнете ги и сушете ги на собна температура, природно – ова се прави само првиот пат за да им се продолжи векот.
Испрскајте ги со лак за коса за да ги зајакнете
Како што лакот за нокти помага дупката да не се прошири, лакот за коса може да помогне да избегнете кинење.
Перете ги на рака наместо во машина, свртени од обратна страна
Избегнувајте силни детергенти, дури можете да користите сјај за садови, не ги ставајте во жешка вода, не ги тријте при перење и сушете ги природно.