12 модни парчиња што треба да ги имате во гардероберот оваа есен
Тенка ролка со блејзер
Тенките ролки се идеални за есенскиот период, а може да изгледаат елегантно ако ги искомбинирате со блејзер или класично сако.
Спортски капути
Оваа есен во мода се спортските капути со светкави копчиња и необичен крој.
Леопард принт
Минатото лето леопард принтот беше вистински хит, а трендот продолжува и во есенските месеци. Ако не се чувствувате доволно смело за да носите здолниште или јакна со овој принт, можете да набавите чанта или чевли.
Инаку, класичниот принт со точки веќе заминува во историјата.
Кратки спортски јакни
Се чини дека спортските јакни се популарни секоја сезона, но годинава најмодерни се пократките модели.
Џемпери со долги ракави
Сезонава во тренд ќе бидат модели на џемпери со долги, волуменозни ракави коишто во целост ги прекриваат рацете.
Дефинитивно треба да заборавите на класичните принтови со ромбови.
Кратки џемпери со копчиња
Запомнете дека сезонава модерни ќе бидат пократки верзии од сите модели на горна облека: јакни, блејзери и џемпери.
Овие модели ја следат силуетата на телото и изгледаат елегантно во секоја пригода.
Б. С. Б. | Црнобело