Како да носите дуксер, а да не изгледате како да сте излегле од теретана?

Комбинирајте ги со тесни фармерки, но и минималистички златен или сребрен накит.

kako-da-nosite-bluzon-a-da-ne-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-teretana-01.jpg

Дуксерите веќе не се само облека за по дома и можете да ги вметнете во лежерни дневни комбинации, па и за на работа ако немате дрес код.

Сепак, постојат некои трикови за комбинирање ако не сакате да изгледате како да сте излегле од теретана.

Како да ги вметнете дуксерите во лежерните комбинации?

Носете дуксери со неутрална боја

Генерално, неутралните бои се полесни за комбинирање, а и изгледаат поелегантно.

Дуксерите со црна, бела, сива или беж боја ќе изгледаат многу подобро за дневно излегување, отколку модел во дречлива боја.

kako-da-nosite-bluzon-a-da-ne-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-teretana-02_copy.jpg

Комбинирајте ги со поелегантни чанти

Само затоа што е „спортско“ парче облека, не значи дека дуксерите мора да ги носите само со ранец.

Неутралните модели можат да изгледаат мошне добро со поелегантна чанта, како на фотките подолу.

kako-da-nosite-bluzon-a-da-ne-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-teretana-03.jpg

Комбинирајте ги со тексас или кожена јакна

За постудените денови, комбинацијата од дуксер и тексас или кожена јакна може да изгледа навистина добро.

kako-da-nosite-bluzon-a-da-ne-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-teretana-04.jpg

Широките модели носете ги со тесни панталони и фармерки

За дневни излегувања, избегнувајте да ги комбинирате широките дуксери со тренерки бидејќи ќе изгледате како да сте излегле од теретана.

Многу подобро ќе изгледаат со тесни фармерки или панталони.

kako-da-nosite-bluzon-a-da-ne-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-teretana-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg