7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки
Нитни и задебелени рабови
Нитните на фармерките не служат само за декорација, тие се ставаат на стратешки места, за да бидат поквалитетни.
Ако нема нитни, тогаш овие делови треба да бидат прицврстени со подебели рабови.
Рабови на џебовите
Исто така, потребно е да се обрне внимание и на рабовите на џебовите и на надворешниот дел од фармерките. Погледнете дали изгледаат квалитетни и дали има пропусти во шиењето.
Ако има испуштен конец, тогаш многу е веројатно тој брзо да се скине.
Не бирајте фармерки од меки материјали
Фармерките што треба да траат долго и да бидат издржливи не би требало да бидат меки и комфорни кога ќе ги облечете првпат.
Квалитетните фармерки се изработени од крут материјал и им треба време за да се обликуваат и да се опуштат. Ако пак, изберете модел изработен од помек материјал, тоа значи дека нема да можете долго да ги носите.
Големината на алките за ременот
Алките за ременот по правило би требало да бидат околу 5 cm, со цел низ нив да можете да протнете различни модели ремени.
Исто така погледнете го и квалитетот на рабовите и начинот на кој се прикачени алките.
Б. С. Б. | Црнобело