Модели на чанти кои не изгледаат добро со елегантни комбинации
Кадифени чанти
Кадифените чанти изгледаат одлично со деловни и лежерни комбинации, особено во зима.
Сепак, за елегантни комбинации, подобро одберете чанта од друг материјал.
Чанта со текстура
Чантите со текстура како на фотката подолу веќе изгледаат застарено и најдобро избегнувајте ги не само за елегантни, туку и за полежерни комбинации.
Чанта како торба
Големите чанти кои наликуваат на торби за пазарење се мошне практични.
Но, сепак избегнувајте ги со елегантни комбинации бидејќи изгледаат премногу лежерно.
Чанти со многу додатоци
Освен ако не носите минималистичка облека, избегнувајте чанти со многу детали за елегантни комбинации.
На пример, раскошен фустан со тантела или други додатоци ќе изгледа кич ако го искомбинирате со чанта со многу детали.
Мали чанти кои се носат преку гради
Периодов доста популарни се помалите модели на чанти кои се носат преку гради и имаат пократка прерамка.
И, во лежерни и деловни комбинации можат да изгледаат одлично.
Но, не се добар избор за елегантна облека.
Спирова С. | Црнобело