7 модни парчиња без кои ниту една жена не треба да тргне на одмор, според експерт
Како да изгледате модерно на фотките од одмор, без цел ден да ве болат нозете од неудобните чевли или без да мора со себе да носите цел гардеробер? Советите од овој личен моден стилист сигурно ќе ви бидат од помош.
Според британскиот моден експерт и личен стилист, Шејн Вотсон, нема потреба со себе да понесете многу облека, ако стратешки ги изберете парчињата што ќе ви бидат неопходни и кои ќе бидат функционални.
Таа во текст за Daily Mail направи список на модните парчиња што треба да ги понесете со себе на летен одмор.
Освен маички, костим за капење и крпа за плажа, кои седум парчиња облека задолжително треба да ги спакувате?
„Пред 25 години ќе ги соберев сите мои омилени летни парчиња во куферот и ќе потрошев цела плата на плетени наметки, но сега знам подобро.
Сакам да поминам на аеродром со рачен багаж, што значи дека носам минимално облека со мене – односно 7 парчиња со кои никогаш не можете да згрешите, плус уште неколку парчиња за секој случај“ – вели Шејн.
Дневен фустан што лесно се соблекува
Вие можете да изберете каков модел фустан сакате, но идеално е тој да биде лесен, лелеав, лесно да се соблекува и со идеална должина до под колениците.
Освен тоа, добро е да има и лесни ракави до подлактиците наместо да е по прерамки, за да ви обезбеди заштита од сонцето.
Сандали со добра (и мека) подлога
Потребни ви се чевли што ќе бидат идеални за шетање по калдрма, но и за на плажа.
Најдобро е да изберете добри, меки сандали, во кои нема да ве болат нозете.
Црни пантaлони
Изберете црни пантaлони што ќе изгледаат добро со маица, кошула или топ.
Тие се идеални за вечерните излегувања, а ако ги искомбинирате со црн топ, никогаш нема да погрешите со модниот избор.