7 модни парчиња без кои ниту една жена не треба да тргне на одмор, според експерт
Црн летен фустан
Овој фустан најверојатно ќе го носите за време на вечерните излегувања. Изберете го моделот што вам најмногу ви се допаѓа.
Може да биде во различен крој, со ракави или без, но идејата е да станува збор за едноставен летен црн фустан што не се тутка и нема да ви зафаќа премногу место во куферот, а ќе направи да изгледате дотерано.
Долго здолниште во светли бои
Идеално е за дневните комбинации со маица, или пак за на плажа само со костим за капење.
Летна чанта
Освен чантата за на плажа, добро е да изберете убава летна чанта која ќе ви се вклопува во сите комбинации и за вечерните и за дневните излегувања.
Можете да изберете плетени чанти со мониста или други комбинации.
Убава наметка или марама
Имајте предвид дека во вечерните излегувања може да ви застуди па добро би било со себе да понесете и добра наметка или марама.
Б. С. Б. | Црнобело