9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024
Ако сте од оние кои следат трендови, црвените нокти (иако се класика) сезонава се сметаат за застарени, а за најхрабрите вистински хит се животинските принтови... Кои бои за педикир се модерни ова лето?
Летото е на прагот, а со него почнува и сезоната на носење отворени чевли и сандали, па педикирот веќе станува задолжителен дел од вашата нега.
Ако размислувате каква боја на нокти да изберете за ова лето или за каква шара да се одлучите, разгледајте ги следните неколку примери и можеби ќе добиете инспирација.
Виолетови тонови
Ова лето виолетовите тонови се во мода, но подобро би било да се воздржувате од темни нијанси затоа што може да изгледа премногу тешко и нападно.
Подобро е да се одлучите за светлата нијанса на лаванда, која изгледа свежо и се вклопува со секој летен стајлинг.
Наместо светки изберете лак со сјај
Наместо светките, оваа сезона помодерно е да нанесете лак за нокти со сјај, кој потсетува на т.н. глазура на крофните и изгледа светкаво.
Нежни бои на кожа
Црниот или сивиот лак можеби одат добро со сите комбинации, но вистината е дека изгледаат нападно на ноктите.
Ако сакате да изберете педикир што ќе ви се вклопува во секој избор на облека и чевли, најдобро е да се одлучите за т.н. голи нијанси, како свело розова, боја на кожа, млечно бело и сл.
Неонски бои за плажа
Белиот и светол маникир е класика за плажа, но ако сакате да пробате нешто сосема поинакво и посмело, можете да изберете лак во неонски бои.
Овие светли тонови изгледаат одлично на добро исончана кожа.