8 модни парчиња со кои секогаш ќе изгледате елегантно (дури и во дневни комбинации)
Долго сако и ленени панталони за многу топлите денови – кои модни парчиња се доволно за да изгледате елегантно?
Кога купувате облека, ако сте како повеќето, веројатно гледате да одберете парчиња што можете да ги носите во повеќе пригоди.
Кога станува збор за елегантна облека, како некој раскошен фустан, факт е дека не можете да ја вметнете во секојдневни комбинации.
Но, постојат и полежерни парчиња кои ќе им дадат доза елеганција и на секојдневните аутфити.
Осум модни парчиња со кои секогаш ќе изгледате елегантно:
Маичка со ребреста текстура
Додека обичните маички без ракави изгледаат премногу лежерно, моделите со ребреста текстура создаваат многу поразличен ефект.
Овие маички одлично се вклопуваат со поелегантни здолништа и панталони, па се добар избор и за вечерни и деловни комбинации.
Долго тексас здолниште
Тексас здолништата добро се вклопуваат и во лежерни, и во поелегантни комбинации.
Но, ако сакате да изгледате елегантно, дајте им предност на долгите модели.
Долгите тексас здолништа можат да изгледаат навистина добро со елегантни сандали, балетанки, салонки…
Долго сако
Подолгите сакоа, и струкираните и пошироките модели, се одличен избор за елегантен изглед.
И, кога не сте сигурни што да носите, нема да погрешите со нив.
Црн сатенски фустан
Кога станува збор за елеганција, веројатно ништо не може да ги замени сатенските фустани, особено во црна боја.
Уште подобро е што овие фустани можете да ги комбинирате и во лежерни комбинации – на пример со џемпер или патики.