Модни парчиња и додатоци што жените со добар вкус ги избегнуваат сезонава (и што носат наместо тоа)
Обични патики во смели бои
Во минатите години беа популарни патиките со дебел ѓон, како и белите патики, но годинава се многу популарни рамните модели кои се во посмели бои.
Цветни принтови
Годинава веќе не се во мода аутфитите со отпечатени цветни принтови, туку оние што се изработени со извезени цветови, а се препорачуваат дури и свежи растенија на облека.
Исто така, годинава цветовите може да бидат застапени и како аксесоари, односно како брошеви.
Повеќе ланчиња истовремено
Во минатото беа популарни таканаречените повеќеслојни ѓердани, или носењето повеќе ланчиња истовремено. Сезонава се отстапува простор на погломазен накит со светли бои.
Мини и миди здолништа
Ова лето заборавете на мини здолништата, затоа што насекаде ќе гледате макси должина.
Оние што се најхрабри може да изберат здолништа изработени од проѕирни материјали.
Б. С. Б. | Црнобело